1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антисемитизмот во САД во пораст

Миодраг Шориќ
11 март 2017

Еврејски институции и гробишта во САД се жртви на вандализам. По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД се забележува пораст на расистички инциденти. Од Вашингтон известува Миодраг Шориќ.

https://p.dw.com/p/2YXaj
USA Philadelphia - Jüdischer Friedhof geschändet
Фотографија: Reuters/T. Mihalek

„Прашањето не е дали Доналд Трамп е антисемитист. Прашањето е до кој степен неговото однесување го охрабрува антисемитизмот во САД“, вели Алан Елснер за ДВ на годишниот „Џеј стрит“ состанок во Вашингтон. Елснер работи за „Џеј стрит“, организација која ги претставува американците про израелски ставови и мир. Доналд Трамп ги отфрла сите обиди да биде етикетиран како антисемитист, укажувајќи на фактот дека неговата ќерка Иванка ја прфатила еврејската религија пред да стапи во брак со Џеред Кушнер, кој е ортодоксен евреј и кој работи како постар советник во Вашингтон.

Трамп премногу долго чекаше пред да проговори против зголемувањето на бројот на атнисемитичкски инциденти, изјави Елснер, кој би сакал „многу посилен и одлучен“ одговор од претседателот. Овој став го дели Џек Розен, претседателот на Американско-Еврејскиот конгрес (АЈЦ) од Њу Јорк. Тој исто така верува дека на претседателот не му требало толку долго време на претседателот да изрази јасно мислење за инцидентите.

Ноќта на 26 февруари, стотина надгробни плочи на гробиштето Маунт Кармел во Филаделфија беа оштетени или искршени. Полицијата го исражува инцидентот но сѐ уште нема осомничени. Пред две недели, еврејските гробишта во Сент Луис исто така беа вандализирани. И за тој случај, полицијата сѐ уште нема осомничени.

Leben in Israel Orthodoxe Juden
Фотографија: Getty Images/C. McGrath

Рабинот Дебора Ваксман е потресена од актот на сквернавење на гробиштата во нејзиниот град. Таа изјави „Сите сме длабоко шокирани од овој напад на нашата заедница“. Веројатно е дека меѓу оштетените гробови се и оние на членови од нејзиното семејство.

 

Во минатите два месеци, државните органи во САД забележале повеќе од 90 телефонски закани за бомби кон еврејски институции. Во градовите во внатрешноста на САД сѐ почести се глетките на графити со антисемитска содржина. Дури и на универзитетите, десничарските групи креираат антисемитско расположение против колегите Евреи.

Алан Елснер верува дека постои поврзаност меѓу новосоздадената самоувереност на крајнодесничарските движења и претседателството на Доналд Трамп. Тој смета дека „анти-семитистичките групи добија нов стимул преку полтичката програма на Доналд Трамп. „Многумина се чувствуваат дека добиваат валидност од главниот стратег, Стив Банон, поранешен доректор на интернет портал од десничарското крило, „Брајтбарт“. Американската лига против клевети (АДЛ), невладина организација која се бори против анти-семитизмот и промовира демократски идеали, повикува на посилно дејствување против порастот на фанатизмот во САД. Организацијата нуди награда од 10.000 долари за информација која би водела до апсење на вандалите на гробиштата во Филаделфија. АДЛ смета дека инцидентот не е само напад кон Евреите, туку кон малцинствата кои живеат во САД. Експертите како Џек Росен и Алан Роснер ја опишаа тензичната ситуација во земјата. Тие велат дека не се засегнати само Евреите, туку и други малцинства како Муслиманите или Латино-смериканските имигранти.