1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкара ја менува политиката кон Курдите

Томас Зајберт / Елизабета М. Фиданоска2 јули 2014

Долго време еден од основните принципи на турската политика беше отпорот против курдските стремежи за автономија во земјата и во соседен Ирак. Тоа во меѓувреме се промени.

https://p.dw.com/p/1CSjG
Фотографија: Reuters

Курдските политичари од северот на Ирак во текот на изминатата недела беа пречекани во турскиот главен град како што вообичаено се пречекуваат државници во официјална посета. Истовремено, турскиот парламент во Анкара расправа за предлог закон со кој на законска основа би требало да се стават преговорите на турската држава со затворениот шеф на курдските сепаратисти, Абдула Оџалан. Внатрешнополитичките размислувања и надворешнополитичките случувања ја променија радикално турската политика во изминатите години.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган (на насловната фотографија во посета на Дијарбакир, во ноември 2013 година) во 2005 година беше првиот турски премиер кој зборуваше за „курдски проблем“ и со тоа беше скршено едно табу. Дотогаш, имено, официјалната доктрина на државата беше дека има само терористички проблем поради бунтот на Курдската работничка партија (ПКК) на Оџалан.

Ердоган „ѕирка“ во насока на гласовите на Курдите

Владата на Ердоган од пред една и пол година преговара со шефот на ПКК Оџалан, кој е во затворот Имрали, за мирно завршување на конфликтот со Курдите, кој од 1984 година до денес однесе 40.000 животи. Тоа за Ердоган не е само шанса да влезе во учебниците по историја. Крајот на крвопролевањето му обезбедува гласови и на Турците и на Курдите. Не случајно пакетот закони за курдското прашање е на разгледување во парламентот непосредно пред претседателските избори во август, на кои, според се‘, Ердоган ќе биде кандидат.

Bewaffnete kurdischen Rebellen der Arbeiterparte Kurdistans PKK kommen im Nordirak an
Вооружени борци на ПКК се повлекуваат од Турција во северен Ирак (мај, 2013 година)Фотографија: SAFIN HAMED/AFP/Getty Images

Сепак, Ердоган мора да постапува внимателно. Тој не сака да им остави можност на турските националисти за обвинување дека со своите отстапки кон Курдите ја распродава татковината. Затоа Курдите се на мислење дека мировниот процес оди пребавно.

Северноирачките Курди се важен партнер

Турција прави пресврт и во однос на Курдите во соседен северен Ирак. Курдското автономно подрачје во Ирак денес е важен партнер на Анкара. Курдската зона стана еден од најважните региони за турските извозници. Ирак во 2013 година купил турски производи во висина од 11,9 милиони американски долари, а од тоа огромен дел отишол во регионот на Курдите.

Анкара, освен тоа, се надева на стабилен увоз на нафта од ирачкиот регион на Курдите, како и на добивки во улога на трансфер-земја за курдска нафта на нејзиниот пат до светските пазари.

Оттука, претставата за независна држава на Курдите веќе ни оддалеку не е толку застрашувачка за Анкара како досега. Ваков еден Курдистан порано беше кошмар за Турција, но денес е реалност, напиша новинарот Хасан Чемал за порталот Т24. Портпаролот на партијата на Ердоган, АКП, во едно интервју за курдскиот медиум Рудав, им призна право на Курдите во северен Ирак на самоопределување.

Анкара, официјално, опстојува на целта - територијален интегритет на Ирак и покрај сите конфликти меѓу шиитите, сунитите и Курдите. Но позицијата на Турција се менува како што се менува демонстрирањето на одбивниот став на конфесионалните и етнички групи во Ирак кон соживотот, вели за ДВ Вејсел Ајхан, директор на тинк тенк организацијата ИМПР во Анкара. Ајхан е убеден дека веќе наскоро во Ирак ќе има „промена на границите“.

ENG Infografik Kurdische Siedlungsgebiete, englisch
Територии на кои живеат Курдите

Курдите во северен Ирак се важни и за разговорите со ПКК

Сахин Алпај, политиколог на истанбулскиот универзитет Бахчесехир, укажува на една друга причина поради која северноирачките Курди се важни за владата на Ердоган. „Тие се важен поддржувач на мировниот процес“ меѓу Анкара и шефот на ПКК Оџалан, вели Алпај за ДВ. Според него, двете страни си се потребни една на друга - северноирачките Курди исто така знаат дека целта за сопствена држава во северен Ирак ќе остане само сон доколку Турција со тоа не е согласна.