Англија доминантна во трансфер-сезоната
31 јули 2014Големи играчки имиња, бомбастични наслови, монструозни милионски износи - и оваа сезона сето тоа е белег на Шпанија. Барселона за Луиз Суарез даде 81 милион евра, Реал Мадрид, пак, инвестираше 80 милиони во Хамес Родригез.
Сепак, големите пари ги даваат всушност други. Од 1,5 милијарди евра кои петте топ-лиги во Европа ги дадоа сезонава за трансфери на играчи, најголем удел има Англија. Според податоците на transfermarkt.de, објавени вчера (30.07), Премиер лигата летово дала 608 милиони евра. Англичаните плаќаат најмногу за играчи во последните 12 години. Само англиските „топ пет“ клубови - Челзи, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал - во играчи досега „впумпале“ 380 милиони евра. Меѓутоа, клупскиот рекорд го постави Евертон, кој за Ромелу Лукаку даде 35 милиони евра.
Светското првенство во Бразил очекувано само го подгреа вносниот бизнис со играчи. Германската Бундеслига тука, во споредба со елитата во Шпанија и Англија, се‘ уште е воздржана. Во моментов за играчи се инвестирани 195,91 милион евра. Но прозорецот на трансфери е отворен уште неколку недели...