1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел како стрип јунак

14 јули 2009

Германската канцеларка Ангела Меркел секогаш е во фокусот на вниманието на медиумите. Но сега нејзината медиумска изложеност добива нова форма. Таа имено е главен јунак на новоиздадениот стрип наречен „Мис Џрмани“.

https://p.dw.com/p/IowP
Фотографија: Eichborn

Авторот на стрипот, карикатуристoт Хајко Сакураи, кој заедно со новинарката Мирјам Холштајн стои зад трансформацијата на германската канцеларка во стрип-јунак вели: „Кај Ангела Меркел најважни ми се очите“.

Сакураи ја нацрта Ангела Меркел на победнички престол со израз на демонстративна скромност и нескриен триумф. Очите и се подзатворени, пристите кренати во знакот за победа. „Мис Џрмани“ носи круна, има црвено-црно-златно германско знаме околу вратот. На дното на сликата нацртани се оние кои се нарекуваат „политички пријатели“.

„Многу е тешко да се прочита. Делумно е надмоќна - се гледа дека жената размислува, и не сака да и` гледаат во карти. И според мене тоа е она што ја прави Ангела Меркел она што е“ вели карикатуристот.