Ангела Меркел го отвори економскиот форум во Давос
26 јануари 2006Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа во Давос, Швајцарија, го отвори светскиот економски форум. Меркел одржа говор пред 2300 присутни политичари и бизнисмени од светот кои до недела под силни мерки за безбедност ќе расправаат за глобалните економско политички проблеми.
Говорот на Ангела Меркел во Давос се очекуваше со големо нетрпение. Надоврзувајќи се на мотото на собирот кое гласи„ Креативен Императив„ Меркел меѓу останатото нагласи:
„ Неопходно е нужно, дури може да се каже дека сме всушност приморани, да бидеме креативни. Тоа би требало да биде погонска сила на секоја разумна политика, кога веќе зборуваме за тоа за што сум надлежна. Верувам дека денес, повеќе од кога и да е важи идејата дека оној кој ќе победи во натпреварот на идеи ќе може да ја формира иднината„ рече Меркел и додаде дека светот, пред се Европа, се наоѓа пред темелен пресврт кој може да се спореди со индустриската револуција пред 200 години. Таа изнесе идеја за едно нов социјално економски пазар, кој го опиша како слобода, поврзана со одговорноста. Идејата на поранешниот германски канцелар Лудвиг Ерхард мора да се прилагоди на новото време
„Имам чувство, кога зборувам за Германија дека ни е потребно повеќе слободен простор. Работата која е централен проблем во Германија му е потребен пораст, а на порастот му е потребна слобода.Пред развојот да се согледаат шансите а не ризиците, тоа е една одговорна слобода, слобода кон нешто„
Меркел нагласи дека ќе стори се што е во нејзина моќ Германија во следните десет години повторно да се најде во првите три земји во Европа, според порастот, производството, вработувањето, иновациите. Според нејзините зборови одрдени идеи во последните години не биле реализирани. Се работи за тоа дека Германија повторно верува во себе и дека може да живее од своите идеи. За тоа мора да се реформира буџетот, пазарот на труд, пензискиот систем. По говорот во Давос, Ангела Меркел денеска се враќа во Берлин.