1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амнести интернешнл ја критикува меѓународната несолидарност

Хајнер Кизел10 декември 2015

Меѓународната заедница и Европа премалку се залагаат за добробитта на бегалците, велат во Амнести интернешнл. По повод Меѓународниот ден на човековите права бараат од Европа да бите поотворена и ангажирана

https://p.dw.com/p/1HLBY
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Jensen

Генералниот секретар на германската секција на Амнести интернешнл (АИ), Селим Џалискан вели дека неговата организација одбива да го употребува зборот бегалска криза. Таа е уверен дека она за што постојано се говори во последно време во суштина е криза на одговорноста и на солидарноста: „ Сега конечно мора да бидат запрени повредите на човековите права, кои предизвикуваат бегство на толку многу луѓе“, апелираше тој на пресконференцијата по повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември). Чалискан бара вложување на заеднички меѓународни напори за надминување на кризата.

Улогата на Германија во актуелните случувања, Амнести Интернешнл ја оценува главно позитивно. „Германија прави многу и прифати многу луѓе“, истакнува Џалискан. Меѓутоа тоа главно се должи на огромниот ангажман на цивилоното општество. „ Тоа е неверојатен ангажман на луѓето, кои се обидуваат, невозможното да го направат возможно, и покрај хаосот во јавната управа“, вели таа. Темната страна на медалот е пак тоа што на владино ниво може да се забележи дека се преземаат напори да се атворат надворешните граници на ЕУ и да се отежни ситуацијата на бегалците во Германија. Џалискан притоа укажува на најновите заострувања на законот за баратели на азил и ги критикуваше договорите со земјите на потекло и транзитните земји. како апсурдни таа ја означи соработката со Египет, Еритреа и Судан. „Тоа се држави кои самите ги повредуваат човековите права и се одговорни за причините за бегство“.

Загрижувачки услови во бегалските кампови

Посебно внимание организацијата за човекови права насочува кон ситуацијата во земјите околу завојуваната Сирија. На овие земји, според мислењето на Амнести Интернешнл, итно им е потребна помош, за да можат на бегалците да им овозможат достоинствена егзистенција. „Повеќе од четири милиони луѓе се прифатени во Ирак, Јордан, Либија, Египет и Турција“ , вели Каируниса Дала, претставничка за бегалци и миграција во АИ.

Flüchtlinge Boot Meer Griechenland Türkei Ägäis
Фотографија: picture-alliance/dpa/O.Kizil /AA Agency

Таа истакнува дека овие земји во меѓувреме дошле до работ на силите. Меѓународната финансиска помош не е доволна. „ Хуманитарните апели на Обединетите нации за бегалците од Сирија досега се само половично финансирани“. Светската програма за храна , снабдувањето на бегалците во Јордан во еден период мораше да го редуцура на само седум долари на лице месечно. „Сите соседи на Сирија во меѓувреме практично целосно ги затворија границите и во ничија земја пред Јордан во моментов се заглавени 12 илјади луѓе на студено време“, вели Дала.

Према солидарност на меѓународно ниво

Амнести Интернешенл бара , десет проценти од бегалците да бидат преселелени до крајот на наредната година- пред сѐ жени, деца, болни и жртви на измачување. „Досега меѓутоа се понудени само 160 илјади места“, критикува Дала. Таа на лице место набљудувала, дека недоволното снабдување на камповите во меѓувреме довело до сѐ позачестена детска работа и оти бројот на рано стапување во брак на девојчиња пораснал. само на половина од бегалските деца им е овозможено да посетуваат училиште. Многу луѓе , затоа претпочитаат повторно да се вратат во нестабилна Сирија или пак тргнуваат на опасниот пат кон Европа.