1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100910 Nobelpreis alternativ

14 септември 2010

Од денеска до 19 овој месец во Бон се одржува првата светска конференција на носителите на алтернативната Нобелова награда. Таа се доделува од 1980 година и е дотирана со 50.000 евра.

https://p.dw.com/p/PB5R
Иницијаторот на наградата, Јакоб фон ИкскилФотографија: AP

Всушност станува збор за три одделни награди дотирани со по 50.000 евра, кои според концептот на основачот Јакоб фон Икскил треба да ги добијат лица, организации или движења, кои се истакнуваат со практичен ангажман и модели за подобар и подостоинствен живот на луѓето ширум светот. Иницијаторот Икскил всушност прво и’ предложи на Шведската академија на науките да воведе дополнителна Нобелова награда за достигања на полето на заштитата на човековата околина. Но, академиците ја отфрлија понудата, така што германско-шведскиот публицист Јакоб фон Икскил немаше друг избор освен да свика посебно жири, составено од ангажирани активисти од целиот свет. „Нашите носители на наградата, кандидатите за неа, како и членовите на жирито се често луѓе, кои живеат токму кај сиромашните, во сламовите и на село“, објаснува Икскил.

Ангажирани активисти

Leonardo Boff
Добитникот Леонардо БофФотографија: AP

Таков е на пример носителот на Алтернативната Нобелова награда за 2001 година, Леонардо Боф: „Тој со децении се ангажира во полза на обесправените лица во Латинска Америка и кој во многубројните книги што ги објавил посочува на поврзаноста меѓу духовноста, социјалната правда и еколошката одговорност...“, појаснува основачот Икскил.

За разлика од официјалната Нобелова награда, која оди во рацете на научници, алтернативната Нобелова награда е резервирана за оние кои со сопствениот практичен ангажман испраќаат своевиден морален апел до светската јавност. Така во 2008 година, добитничка беше Моника Хаузер, лекарка која се ангажираше во полза на силуваните жени од босанската војна. „Кај оваа награда станува збор за тоа да се посочат општествени алтернативи и движења, кои донеле некаква промена во светот“, посочува добитничката Моника Хаузер.

Uri Avnery
Добитникот Ури Авнери, кој се бори за помирување меѓу Израелците и ПалестинцитеФотографија: AP

Етаблирана морална инстанца

До сега единствен добитник на двете награди, алтернативната и официјалната Нобелова награда, е еколошката активистка од Кенија, Вангари Матеи. Таа прво во 1984 ја доби алтернативната, а во 2004 и официјалната Нобелова награда. Нејзиниот пример е само уште еден доказ дека Алтернативната Нобелова награда во меѓувреме успеа да се етаблира како морална инстанца во светот.

Автор: Даниел Шешкевиц/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска