1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија: Џафери беше адвокат на Албанците во регионот

СН/АМ/макфакс16 август 2012

Во Албанија, како политичарите, така и медиумите посветуваат големо внимание по повод смртта на политичарот Арбен Џафери.

https://p.dw.com/p/15qTY
Арбен ЏафериФотографија: Petar Stojanovski

Претседателот на Албанија Бујар Нишани ја изнесе оценката дека Џафери беше мајстор за политички дијалог. „Тој ги стави своите идеи во интерес на народот, човековите права, демократијата, соживотот, мирот и стабилноста“, нагласи Нишани.

Премиерот Сали Бериша нагласи дека со смртта на Арбен Џафери Албанците изгубија една значајна личност.

Лидерот на албанската опозиција Еди Рама оцени дека смртта на Џафери е голема загуба за албанскиот свет, додека пак екс-претседателот на државата Бамир Топи го оцени Џафери како политичар од западен профил, кој даде многу на албанската политичка сцена.

Медиумите, како електронските, така и пишаните во бројните коментари оценуваат дека тој даде голем придонес во потпишувањето на Охридскиот договор. Тие ја изнесуваат оценката дека Џафери бил најдобар адвокат на Албанците во регионот.