1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија ја поздрави средбата Дачиќ-Тачи

СН/АТ/миа/макфакс20 октомври 2012

Официјална Тирана оцени дека продолжувањето на дијалогот на високо ниво е значаен чекор во насока на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

https://p.dw.com/p/16Tmj
Фотографија: Mimoza Dhima

Албанското министерство за надворешни работи ја поздрави средбата помеѓу премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, што се одржа во Брисел со посредство на Кетрин Ештон, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Во соопштението на Министертвото за надворшени работи се наведува дека продолжувањето на дијалогот на високо ниво е значаен чекор во насока на нормализирање на односите меѓу двете земји за имплементација на постигнатите договори и за решавање на практичните прашања кои постојат меѓу двете држави.

„Продолжувањето на дијалогот и нормализацијата на односите е од интерес на Србија и на Косово, како и во интерес на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и е во служба на интеграцијата на двете земји и целиот Балкан во ЕУ“, стои во соопштението на албанското министертво за надворешни работи.

Официјална Тирана во истовреме го поздравува и усвојувањето на Резолуција од страна на косовскиот парламент за нормализација на односите со Србија, како „израз на волја и висока одговорност на незавасната држава Косово да гледа напред и да гради сигурна и мирна иднина за двете земји и да ги развива добрососедските односи во регионот“.