Албанија се’ уште не избра претседател
8 јуни 2012Во напори да се најде консензуален претседател на Албанија, владејачката Демократска партија и опозиционата Социјалистичка партија и по преговорите по вториот обид, не постигнаа консензус.
Демократите на премиерот Сали Бериша и покрај согласноста што ја добија за кандидатот Џеваир Загањори од своите партнери во коалицијата, не успеаја да ја убедат опозицијата Загањори да ги добие потребните 3/5 од гласови во Собранието. Опозицијата не се согласи да даде зелено светло на Загањори и поради тоа партиите од власта не го ставија на гласање.
Инаку ниту поранешниот премиерот Фатос Нано не доби подршка од своите поранешни сопартијци социјалисти да влезе во трка за гласање.
Во наредните две рунди е потребно само обично мнозинство односно, од 140 гласа само 71 за да се избере претседателот на земјата. Собранието четвртиот круг на гласање го закажа за понеделник (11.06).
Меѓународниот фактор, се обидува партиите од власта и опозицијата да ги убеди да се согласат за одредено консенсуално име за претседател, бидејќи опозицијата отворена нагласува дека ако нема консензус. Собранието не ќе може да ги донесе реформските закони со 84 гласови, кои се важни за добивање на кандидатски статус на Албанија во ЕУ.