1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија – нов министер за надворешни работи

26 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAA

Албанскиот премиер Сали Бериша изврши реконструкција на владата откако вчера оставка поднесе министерот за надворешни работи, Бесник Мустафај. Нов шеф на дипломатијата е Љулзим Баша, кој досега го водеше ресорот за сообраќај и телекомуникации. На неговото место, пак, доаѓа Сокољ Олдаши, некогашен министер за внатрешни работи.