Албанија – Косово – независност
13 септември 2007Реклама
Косовскиот премиер Агим Чеку по разговорите со албанското раководство во Тирана порача дека единствено решение на проблемот со статусот на Косово е прогласувањето независност. Тој нагласи дека желба на Косово е независноста да биде прогласена во соработка со меѓународниот фактор, така што таа ќе биде признаена од САД и повеќето членки на ЕУ. Албанскиот премиер Сали Бериша по средбата со Чеку ја повика меѓународната заедница да ја забрза процедурата за определување конечен статус на Косово. При тоа тој истакна дека незавиноста е единствено решение што ќе придонесе и за мирот во покраината и во целиот регион.