1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија – Косово – граница

25 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXlS

Албанската полиција ги зајакна мерките на безбедност на делот од границата кон Косово. Причина за тоа е бегството на затворениците од затворот во Дубрава. Зголемувањето на степенот на безбедност важи за сите премини, како и за т.н. зелена граница, а поставени се и полициски пунктови во северниот дел од земјата. Полицијата им поделила фотографии на избеганите и на овчарите во планинските подрачја во регионот на Добридол, на тромеѓето меѓу Албанија, Косово и Црна Гора. Албанската полиција се сомнева дека избеганите добиле засолниште од овчарите на косовска страна во атарот на Добридол.