Албанија доби позитивна оценка од Советот на Европа
30 април 2004Сепак, постигнатиот напредок е компромитиран од ризиците кои ги создава организираниот криминал и дел од деловните кругови, кои бараат да извлечат корист од слабостите на законската регулатива и контрола, вршејќи недозволени притисоци врз политичкиот живот на земјата. Кога на ова ќе и се додаде и релативната неефикасност на централната администрација, посебно во клучните сектори, како полицијата, даночните служби и царината, како и невозможноста да се контролираат ефикасно финансиските трансакции за да се спречи перењето на парите.
Затоа, Парламентраното Собрание, реши да го продолжи и понатаму мониторингот за Алабанија. Се додека таа не постигне повидливи резултати во репресијата на корупцијата и организираниот криминал, подобар законодавен биланс и организирање на избори во согласност со меѓународните норми.
Што се однесува до малцинствата, Албанија е потребно да направи напори и во оваа област. Во извештајот се наведува дека во Албанија се признати три национални малцинства: Грци, Македонци и Црногорци и две јазични малцинства Влашкото или Ароманското и Ромското. На политички план тие се парцијално претставени во политичкиот живот, иако е постигнат значаен напредок во начинот на кој се третирани овие малцинства.
Во Советот на Европа се смета дека Албанија е потребно да направи напори кога станува збор за употребата на малцинските јазици, двојните написи за улиците и топографските поими во населените места каде живеат малцинствата.
Потребно е да се преземат мерки за да се подобри и пристапот на малцинствата во радио и телевизиските програми на нивните јазици исто како и за изучувањето на мајчиниот јазик: црногорскиот, влашкиот, грчкиот и македонскиот во зоните каде што тие живеат и бараат таква настава.
Известувачот бара да Албанија ги спроведи на дело препораките на Советодавниот комитет за правата на малцинствата, како на пример со организирање на нов попис за да се имаат прецизни статистички податоци за бројот на малцинставата кои живеат во Албанија.