1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија ги зајакна безбедносните мерки кон границата со Косово

25 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXnE

Албанската полиција ги зајакна безбедносните мерки во делот на границата кон Косово. Причина за ова е бегството на затворениците од косовскиот затвор во Дубрава, за кои постои сомневање дека добиле засолниште од овчарите на косовска страна во атарот на Добридол. Полицијата достави слики со затворениците до сите гранични премини, зголемен е степенот на безбедност и во така наречената зелена граница, а поставени се и полициски пунктови во северниот дел од земјата. Фотографии на избеганите им се поделени и на овчарите во планинските подрачја во регионот на Добридол, на тромеѓето меѓу Албанија, Косово и Црна Гора.