1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија ангажирана во борбата против корупцијата и организираниот криминал

Силвера Падори30 мај 2006

Шефовите на дипломатиите на Германија и Албанија, Франк Валтер Штајнмаер и Бесник Мустафај, во Берлин разговараа за билатералните односи и случувањата во регионот

https://p.dw.com/p/AcT5

“Се радувам што имаме стабилни билатерални односи кои добро се развиваат. Ова се должи како на тоа што Албанија може да делува како стабилизирачки фактор на Балканот, регион кој не е толку едноставен, така и на ангажманот на албанската влада во решавањето на прашањата од внатрешната политика кои се значајни и за Европа” . Вака ги оквалификува германско-албанските односи шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер кој во Берлин го примни својот албански ресорен колега Бесник Мустафај. Ова беше трета средба мегу двајцата пооитичари, но прва официјална на која Штајманаер го подвлече напорот на новата албанска влада во борбата против корупцуијата и организираниот криминал. Мустафај, како што посочи Штајнмаер, истакнал бројни примери за соработката на Албанија со соседите меѓу кои и со Македонија во борбата против организираниот криминал. Ваквиот ангажман, според Штајнмаер едновремено е израз на желбата на албанскиот народ не само за соработка со Германија, туку и за што поскоро вклучување во ЕУ, пат по кој тој очекува Албанија и натаму да чекори консеквентно.

Албанскиот министер за надворешни работи Бесник Мустафај се заблагодари за поддршката која Германија и ја дава на Албанија при што подвелече дека “Германија е земја која има големо влијаниое врз демократските процеси во Албанија, земја која стопански ја поддржува Албанија и ја охрабрува да оди понатаму со рефиормите” . Тој се осврна и на политичките случувања во регионот, пред се на актуелните преговори меѓу Белград и Приштина, заложувајќи се за активна политика на Албанија на Балканот, при што будно се следи целиот процес. Според Мустафај Албанија се залага за соработката за демократско независно Косово во кое ќе се почитуваат сите стандарди и правата на малцинствата и ќе се изгради една правна држава. Тој едновремено истакна дека Албанија очекува продлабочување на стопанската соработката со Германија во периодот од наредната година кога земјата ќе биде претседавач со Унијата, до едновремено ја истакна и надежта дека во тој период поголем стопански интерес за Албанија ќе пројават и другите членик на ЕУ. Инаку на 12 наредниот месец во Бриесел Албанија треба да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со Европсјката Унија, како втора земја од регионот по Македонија,