Автомобил удри во група луѓе во Берлин
8 јуни 2022Реклама
Според наводи на полицијата во Берлин, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.
Откако влетал во групата луѓе, автомобилот се забил во излог на продавница. Осомничениот возач е уапсен на лице место.
Кај црквата Кајзер Вилхелм во декември 2016 година атентатор влета во божиќен пазар. Притоа беа убиени 12 луѓе, а повредени над 70.