1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австријците работат „на црно“

9 јули 2011

Две третини од парите што се заработуваат „на црно“ во Австрија ги заработуваат Австријците или државјаните на ЕУ, па сепак на нишан на контролните органи најчесто се странците кои илегално престојуваат во земјата.

https://p.dw.com/p/11lOu
DW/ Emir Numanovic- Korrespondent Wann wurde das Bild gemacht?: Juni, 2011 Wo wurde das Bild aufgenommen?: Wien, Österreich Bildbeschreibung: BU1: Tageslöhner warten auf den Eisnatz
Работниците чекаат на муштерииФотографија: DW

Секое утро на големиот паркинг пред продавницата за градежни материјали во десетиот виенски округ се случуваат исти сцени. Педесетина лица, главно романски државјани, чекаат на муштерии и наметливо им ги нудат своите услуги со надеж дека ќе заработат некое евро. Без разлика дали станува збои за ѕидари, плочкари или столари, тие не добиваат повеќе од седум евра од час. За австриски услови, под секој минимум.

Катастрофа, би рекол Едиб В. од Горен Вакуф, кој во кафулето од другата страна во моментот ја вклучува машината за кафе: „Луѓето нема што да јадат, дојдени се од Романија, тука се на улица. Бараат работа, а работа нема. Полицијата ги растерува, а тие ќе се сокријат во паркот и за десет минути повторно ќе се соберат и чекаат. Што да прават, тоа е борба за леб.“

Порастот на работата на црно, порастот на невработеноста и намалувањето на платите е она од што Австријците се плашат откако австриските граници се отворија и за граѓаните од Источна Европа. Но, и покрај тоа што изгледа дека Австрија е преплавена со ефтина работна сила, сепак може да се каже дека нема причина за страв, вели претставникот на Австриската стопанска комора Ролф Глајснер: „Нема навалица и нема редови на границите, без разлика дали говориме за ефтина работна сила или за висококвалификувани работници. За работата на црно немаме точни податоци, но веќе сега е евидентно дека не се случи ни она од што се плашевме, но ниту, пак, она што го посакувавме“ , вели Глајснер.

Секој втор Австриец вработува работници „на црно“

Bildtitel: Graz Bildbeschreibung: Blick auf Graz Altstadt Schlagwörter: Österreich, Steiermark, Graz, Bettelverbot Herkunft: DW Eigendreh
Едиб В. од Горен ВакуфФотографија: DW

Се´ уште нема точни податоци дали е пораснат бројот на оние кои во Австрија заработуваат на црно за живот. Она што е сигурно е дека секој втор Австриец досега веќе вработувал работници на црно, што го потврдува и малата анкета пред една од продавниците за алати и градежен материјал: „Секако, кај мене до сега на црно работеле сите можни мајстори“, објаснува еден постар господин. „Плочкари, ѕидари и столари. Главно бea странци, бидејќи бea ефтини.“

Иако и тука на прв поглед се добива впечаток дека на црно работат исклучиво странци, професорот Фридрих Шнајдер, кој важи за стручњак за популарниот т.н. „фуш“ објаснува: „Две третини од парите кои во Австрија се заработуваат на црно, ги заработуваат Австријци. Поточно, Австријци и работници од другите земји членки на ЕУ, кои во Австрија имаат редовна работа, но работат на црно по редовната работа. Третата третина се состои од предвремено пензионирани и официјално невработени, но само 15 насто отпаѓа на странците кои илегално престојуваат во земјата.“

Балканците се попаметни

Die Arbeiter mit Schutzanzügen, Brillen und Atemmasken packen Asbest in so genanntes Bigpack - wird so auf Deponie ransportiert. Das Bild wurde im Mai 2011 in Wuppertal-Barmen gemacht. Copyright: Markus Rost, Firma Exponent
Ѕидарите работат за многу ниски дневнициФотографија: Markus Rost

Но, всушност овие 15 насто најмногу паѓаат во очи и најчесто ги фаќа полицијата. Едиб В.од Горен Вакуф сепак нема вакви проблеми, како ни поголемиот број луѓе кои во Австрија работат на црно: „Нашите луѓе се попаметни, знаеш како оди тоа, тие работат да кажам ’семејно’. Да кажеме ти си ми зет и јас работам на градилиште. И доколку зет ми види дека нешто се шушка околу градилиштето, тогаш ние веднаш се гушкаме и бакнуваме како штотуку да сме дошле. Јас го бакнувам, разбирате, како штотуку да сме се виделе. Тоа испаѓа љубезно, и јас ги убедувам дека само што сум дошол“.


Автор: Емир Нумановиќ/ Бисера Огњановска - Митров

Редактор: Александра Трајковска