Австрија каkо нова надеж
21 јуни 2005Реклама
Сојузниот канцелар на оваа земја Волфганг Шисел по тој повод вели:
„Лично верувам дека дека не треба да се откажеме од настојувањето да имаме Унија која нема да одговара само на економските прашања, односно на слободната трговија, туку дека е подготвена да се бори за заедничките вредности. Значи европски општествен и економски модел, социјален модел кој е подготвен и за заеднички надворешно-политички настап„.
Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер го поддржува овој став:
„Дали сакаме се уште политичка унија, Унија на солидарност, или ќе ја третираме како заеднички пазар? Тоа се суштинските работи за кои станува збор„, вели германскиот министер Фишер.