Австрија: 25,500 пораки со омраза за „босанска“ министерка
28 февруари 2020Задиќ е првата имигрантка која станала министер во Австрија, откако избегала со нејзините родители од војната во Босна и Херцеговина на 10-годишна возраст. Голем дел од пораките кои ги добила биле од сексистичка, анти-имигрантска и анти-муслиманска природа, иако Задиќ не е муслиманка. Таа редовно добива и смртни закани па мора да биде под постојана полициска заштита.
35-годишната министерка од редовите на партијата на Зелените за магазинот „Инсајдер“ изјави дека авторите на пораките можат да бидат кривично гонети, особено затоа што голем дел од нив ги користеле своите вистински имиња.
„Во моментов се чудиме како да ги процесуираме сите, но всушност јас имам други грижи“, вели Задиќ.
Министерката вели дека многу граѓани на Австрија се соочуваа со онлајн мобинг поради нивниот пол, странско потекло или религија.
Задиќ најави дека работи на мерки кои на жртвите ќе им овозможат подобри законски мерки за одбрана, но и за одговорност на социјалните медиуми во пријавувањето пораки кои го прекршуваат кривичниот закон.