Авионските компании ги стопираа летовите кон Израел
23 јули 2014Меѓународниот патнички воздушен сообраќај кон Израел е во голема мерка ограничен. Голем број меѓународни авионски компании, меѓу кои и германските „Луфханза“ и „Ер Берлин“ ги откажаа сите летови кон аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, откако американските воздухопловни власти воведоа 24 часовна забрана за летање меѓу САД и Израел.
Оваа одлуката била воведан единствено за заштита на американските граѓани и авиокомпании, го уверувал американскиот министер за надворешни работи Џон Кери изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор, се вели од американското министерство за надворешни работи.
Европската агенција за безбедност во авионскиот сообраќај (EASA) издаде препорака да не се лета кон аеродромот Бен Гурион.
Претходно радикално-исламистичкиот Хамас истрела ракета кон Тел Авив, која падна во близина на аеродромот.
Јордан во меѓувреме во Советот за безбедност на ОН поднесе предлог резолуција за конфликтот во Газа, со која се бара „итно положување на оружјето“. Во текстот се бара и заштита на цивилите и укинување на блокадата за Појасот Газа.
Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Нави Пилај се заложи за меѓународна истрага за евентуални воени злосторсва во блиско-источниот конфликт.