Авганистански војник уби двајца британски војници на НАТО
26 март 2012Командата на мисијата ИСАФ, соопшти дека лице во униформа авганистанската армија отворило оган врз војници од силите на НАТО ужниот дел од Авганистан притоа убивајќи двајца од нив .
Војници на НАТО одговориле на огнот и го убиле напаѓачот. Инцидентот се
случил во кампот на тимот за обнова во провинцијата Хелманд којашто е под американска контрола.
Според командантот на авганистанските сили во Хелманд Гулам Фарук, напаѓачот бил дел од авганистанските сили четири години. Портпарол на талибанците изјави дека убиецот бил во близок контакт со екстремистите и дека однапред ги информирал талибанците за планираниот напад. Според досега познатите информации, напаѓот во воено возило им се приближил на странските војници, по што отворил оган.
Според податоците на новинската агенција Франс Прес со ова бројот странски војници убиени од своите авганистански колеги војници во 2012 година достигна 13, од околу 90 жртви , колку што мисијата ИСАФ има регистрирано годинава.