1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас на разговори кај Штајнмајер

23 февруари 2007

Германската канцеларка Ангела Меркел утринава го дочекува на разговори претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Тој се наоѓа на турнеја по неколку европски држави со цел да побара поддршка за идната влада на национално единство на Палестинците, како и за мировниот процес на Блискиот исток.

https://p.dw.com/p/Adt2
Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас
Претседателот на Палестинците, Махмуд АбасФотографија: AP

Абас веќе вчера вечер имаше средба со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер.

Врвни меѓународни политичари во мигов се редат во Берлин. Само што отпатуваа американскиот и рускиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс и Сергеј Лавров по средбата на блиско-источниот квартет во германскиот главен град допатува еден од протагонистите во блиско источната драма. Шефот на умерениот Фатах и претседател на Палестинците, Махмуд Абас, има во дипломатскиот куфер сосема јасна порака за домаќинот:

„Сакам да нагласам дека наша највисока цел е да го прекинеме крвопролевањето!„

Оваа порака и тоа како прва секако беше пријатна за шефот на германската дипломатија и актуелен претседавач со министерскиот совет на ЕУ, Франк Валтер Штајнмајер. Тој подготвено возврати со поддршка на меѓународната заедница за желбата на Палестинците да имаат своја држава. Секако под одредени услови:

„Очекуваме прво трајно откажување од примена на насилство, потоа прифаќање на мировните договори склучени од ПЛО и секако признавање на Израел. Мислам дека поинаку решението за две независни држави нема да функционира.„

Гостинот изрази уверување дека идната палестинска вклада на национално единство ќе ги исполни овие услови:

„Ветуваме дека визијата за две држави за нас ќе биде обврзувачка, визијата зе независна држава на Палестинците покрај Израел. Се чувствуваме и обврзани да се откажеме од насилството и тероризмот.„

Останува да видиме како кон овие ветувања во реалноста ќе се постави радикалната организација Хамаз, која ќе има решавачко влијание и во наредната влада на национално единство.