Абас бара запирање на нападите во Појасот Газа
12 јуни 2014За првпат откако Палестинците ја формираа владата на единство од Хамас и Фатах израелските воздухопловни сили убија осомничен милитантен Палестинец. Според информации на очевидци, тој бил погоден од ракета, кога со мотоцикл се движел во северниот дел на Појасот Газа. Како што соопштуваат спасувачките служби на Палестинците, во нападот биле повредени уште две лица, меѓу нив и дете.
Според израелската армија, човекот бил радикален салафист и учествувал во многу ракетни напади врз Израел. Тој работел и како полицаец на радикално-исламистичкиот Хамас во Појасот Газа. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас го осуди нападот и побара запирање на ваквите акции. Вчера ракета истрелана од Појасот Газа падна на територија на Израел.
По формирањето на експертската влада на Палестинците од Фатах и Хамас, Израел најави дека ќе ја смета владата за одговорна за секој напад што доаѓа од областите на Палестинците.