1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Што можат меѓународните експерти да постигнат во Запорожје?

Геро Руетер
30 август 2022

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија сакаат да извршат увид во состојбите во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија. Што може да се очекува?

https://p.dw.com/p/4GD9F
Со своите шест реактори, електраната Запорожје е најголема нуклеарна централа во Европа
Со своите шест реактори, електраната Запорожје е најголема нуклеарна централа во ЕвропаФотографија: Dmytro Smolyenko/Ukrinform/IMAGO

14 меѓународни нуклеарни експерти се на пат кон Запорожје, во воената зона во Украина, под водство на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија ( (МААЕ), Рафаел Гроси. Тие сакаат да направат преглед на состојбата на најголемата нуклеарна централа во Европа, за руската окупација и за условите за работа на украинскиот персонал. Освен тоа, инспекторите сакаат да направат увид на евентуалните штети.

Постои надеж дека присуството на меѓународните експерти во нуклеарната централа би можело да ја олесни ситуацијата на теренот, оти воените дејствија ќе се намалат и дека персоналот на украинската централа ќе добие малку поголема слобода на движење во централата.

Руски војник стражари пред атомската централа Запорожје во март 2022 година
Руски војник стражари пред атомската централа Запорожје во март 2022 годинаФотографија: ALEXANDER ERMOCHENKO/REUTERS

Дали експертите ќе можат да стекнат сеопфатна слика?

Тоа не е јасно. Но, набљудувачите претпоставуваат дека инспекторите ќе стекнат впечаток за безбедносната состојба на централата.

Повеќе: Нуклеарните централи и војната во Украина - што вели меѓународното право

Што би ја зголемило безбедноста во Запорожје?

Запирање на сите воени акции на и околу локацијата на електраната, слободен пристап за оперативниот персонал до сите делови на централата, како и соодветно безбедно одржување и набавка на резервни делови.

Има ли изгледи за демилитаризирана зона во Запорожје?

Сѐ уште не. Русија управува со 38 нуклеарни централи и има соодветно високо ниво на техничка експертиза. Тие се свесни за опасноста од сериозна несреќа на реакторите од воена акција. И покрај овој висок ризик, Русија ја окупираше електраната Запорожје. И покрај бројните меѓународни апели, нема знаци за преиспитување на состојбата.

Осамениот бегалец

Дали би помогнало исклучување на сите реактори?

Тоа би требало да се реши на лице место во самата централа. Ова би имало смисла бидејќи опасностите од голема несреќа на реакторите би биле помали доколку тие се затворат. Меѓутоа, работата на реакторите обезбедува внатрешно напојување на постројката и ладење на реакторите. Дури и по исклучувањето, на шесте реактори ќе им биде потребно уште долго време и многу електрична енергија за ладење за да се спречи топење на јадрото, а со тоа и да се случи несреќа на реакторот. Потребата за ладење, а со тоа и ризикот од несреќи би се намалиле неколку дена по исклучувањето.