Вооружен напад во супермаркет во САД
23 ноември 2022Точниот број на жртвите во нападот којшто се случи во супермаркет „Волмарт“ во американската сојузна држава Вирџинија сѐ уште не е соопштен, но полицијата зборува за „помалку од десет“ жртви. Портпарол на полицијата изјави дека е мртов и осомничениот убиец.
Инцидентот се случил во градот Чисапик. Полицијата добила повик вчеравечер (22.11) околу 22 часот по локално време. При влезот на полицајците во супермаркетот биле пронајдени „повеќемина мртви и повеќемина повредени“.
За мотивите на напаѓачот нема информации, а сѐ уште е нејасно и како убиецот го загубил животот. Се претпоставува дека тој се самоубил. Полицискиот портпарол соопшти дека според негови сознанија не било пукано кон напаѓачот. Во првата реакција по инцидентот, „Волмарт“ соопшти дека владее шокираност од „трагичниот настан“.
Во текот на изминатиот викенд, во пукањево ноќен клуб во Колорадо, популарен кај хомосескуалците и трансродовите лица, беа убиени 5 лица, а повредени 18.