1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војна во Украина: флертување со непријателот

АРД
31 мај 2023

На Украина и е наложено да собере што е можно повеќе податоци за движењата на руските војници. Притоа се потпира и на информациите што ги даваат граѓаните преку владин портал, но и од апликациите за запознавање.

https://p.dw.com/p/4Ryt9
Украина Киев
Украинките флертуваат со руски војници за да добијат информации за нивФотографија: Natacha Pisarenko/AP Photo/picture alliance

Кога руските војници го нападнаа и го окупираа Херсон на југот на Украина пред една година, кога уништуваа, ограбуваа и убиваа, Катја сакаше да помогне. Оваа осумнаесетгодишна девојка, која користи псевдоним, решила заедно со своите другарки да собира  информации за руски војници.

Таа користела таканаречени „платформи за запознавање“ и апликации како Телеграм за да воспостави контакт со 100 руски војници. Таа навела дека е Русинка на која и се допаѓаат војници. Понекогаш поминувала месеци за да ја стекне довербата на тие војници во електронската комуникација и за да извлече информации од нив. 

Катја тие информации им ги дала на украинските тајни служби кои со задоволство ги прифатиле. 

„Првата онлајн војна“ 

Андриј Јусов од разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана нагласува дека информациите како оние на Катја внимателно се проверуваат и често се „навистина корисни“. И украинските разузнавачки служби ги скенираат сите разговори, апликации, мобилни податоци кои може да содржат важни информации за војната. 

„Руската војна против Украина се означува како прва онлајн војна“, вели Јусов. Ова ги вклучува и страниците за запознавање. Тој вели дека „би било чудно Украина да не ги искористи сите инструменти за да се заштити од геноцидната војна на Русите“. Тој објаснува дека илјадници украински мажи и жени испраќаат фотографии и видеа до властите. 

апликација за запознавање Украина
Официјалната украинска електронска апликација „Диа“Фотографија: Sergii Kharchenko/NurPhoto/picture alliance

Станува збор за голема количина на податоци, па минатата година Министерството за дигитална трансформација создаде софтвер за анализа на тие информации. 

Апликација за дигитална испорака на информации за војната 

Тој софтвер е интегриран во официјалната владина апликација „Диа“. Таму се регистрирани речиси 19 милиони корисници. Апликацијата е во употреба од 2020 година и им овозможува на граѓаните да користат електронски место физички документи користејќи ги нивните паметни телефони.

По почетокот на руската инвазија, владата ја додаде таа софтверска компонента во апликацијата: „На овој начин луѓето можат лесно да достават информации за движењето на непријателот, за нивните авиони, позиционирањето на опремата и други работи“, вели Мистислав Баник од  Министерството за дигитална трансформација на Украина. 

Според сопствените податоци, Министерството составило 500.000 извештаи за можни воени цели врз основа на така добиените информации. Тоа и помага на украинската војска да ги планира своите операции. 

„Потребите на вооружените сили на Украина се константни. Постојано бараат од нас да ги ажурираме информациите“, вели тој, додавајќи дека има и прашања за конкретни места и цели, како што се руски радарски уреди. 

Мистислав Баник
Мистислав БаникФотографија: Ministry of digital transformation of Ukraine

Поврзување со окупирани краеви 

Викторија, исто така, им дава на украинските власти информации за руски војници. Таа е новинарка во Николаев на југот на Украина. Таа собирала информации од сограѓани кога била на фронтот:

„Во суштина, ние бевме единствената врска меѓу луѓето под окупација и тајните служби на кои им ги пренесовме тие информации“, вели таа.

Цивилите постојано се доведуваат во опасност со собирање на такви информации, особено на окупираните територии. Руските војници и платеници се сметаат за брутални. Во меѓувреме, откриени се голем број соби за мачење, веројатно за украински цивили. Освен тоа, како што вели Викторија, никој не знаел кому може да му верува.

„Во Николаев имаше многу соработници на окупаторите и шпиони. Беше страшно“, вели таа. И покрај тоа, таа се чувствува должна да помогне и да ги искористи своите новинарски истражувачки вештини. 

Страв да не бидат изложени на гранатирање 

За време на окупацијата, жителите на селото Блаходатне во областа Херсон тајно и давале информации на украинската армија. Се плашеле да не бидат откриени, но и да не бидат изложени на борбени операции.

„Еднаш ги замоливме нашите луѓе да не ја откриваат точната позиција на Русите, бидејќи сфативме дека нивните позиции се многу блиску и дека можеме да бидеме погодени кога нашите луѓе пукаат во Русите“, рече локалната жителка Ира.

Но, таа смета дека без информациите што дошле од селото, тоа сè уште би било под окупација. Таа додава дека денот на ослободувањето бил нејзиниот најсреќен ден. 

Неопходна измама 

Катја посакува таков ден за целиот регион Херсон, чии делови се уште се под руска окупација, а некои се изложени на жесток оган. Катја се надева дека наскоро ќе се врати во својата татковина каде ќе владее мир.

Катја не знае кои од нејзините информации коишто ги дознала довеле до директен напад врз Русите. Но, помогнала и тоа и е најважно. Направила се што може за да ги избрка натрапниците од нејзината татковина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема