Упад во владината зграда во Бангладеш– премиерката побегнала
5 август 2024Во Бангладеш демонстранти упаднале во официјалната резиденција на премиерката Шеик Хасина. На телевизиските снимки се гледа како илјадници луѓе влегуваат во владината палата во главниот град Дака. Малку подоцна, воен претставник објави нејзина оставка. Хасина наводно веќе ја напуштила земјата и побегнала во Индија со хеликоптер.
Од минатиот месец, Хасина се соочи со масовни протести и повици за нејзина оставка, кои постојано доведуваа до жестоки судири, во кои загинаа најмалку 300 луѓе.
Минатиот месец студентите излегоа на улиците за да протестираат против правилата за квоти за распределба на работните места во јавниот сектор. Ова ескалираше во протести против премиерката Хасина, која обезбеди четврти последователен мандат на функцијата на изборите во јануари. Опозицијата го бојкотираше гласањето.