1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

„Украина е блиску до победата”, вели советникот на Зеленски

Џенифер Камино Гонзалес
25 август 2023

Украина прослави втор Ден на независноста во време кога делови од земјата се окупирани од руските сили. Сепак, Украинците се обединети и „победата е блиску”, вели шефот на претседателскиот кабинет, Андреј Јермак за ДВ.

https://p.dw.com/p/4VXLy
Андреј Јермак  Украина
Шефот на претседателскиот кабинет во Украина, Андреј Јермак Фотографија: Ruslan Kaniuka/Ukrinform/ABACA/picture alliance

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на украинсиот претседател и клучен советник на Володимир Зеленски, вели дека единството меѓу Украинците е „без преседан” на денот кога земјата втор пат ја прослави својата независност (24.08.) во време кога делови од неа се окупирани од руските сили.

Во интервју за ДВ, Јермак зборуваше за војната на Русија во Украина, расположението меѓу Украинците и нивото на поддршка за Киев од странство. 

„Да не заборавиме дека прво ни даваа три дена (да ја издржиме руската инвазија), па потоа неколку месеци. Сега веќе поминаа една и половина година и не само што се браниме, туку и ослободуваме територија”, вели советникот на Зеленски. 

„Ми се чини дека сме блиску до победата”, додава тој. „Никој не знае уште колку ова ќе трае,но ние веќе постигнавме многу”, вели Јермак. 

Киев нема да престане додека „и последниот сантиметар од украинска почва” не се поврати од Русите, вели тој и додава дека „ништо друго не си посакуваме толку колку победа и мирот да се врати во нашата земја”.

Но, во однос на преговори за ставање крај на војната, Јермак ја отфрла можноста да се седне со Москва на преговарачка маса ако руските сили продолжуваат да окупираат било кој дел од Украина. 

„Нашата позиција е јасна, позната им е на сите: сѐ додека руските сили се на наша територија не може да стане збор за преговори”, рече Јермак. 

Бавен прогрес во контраофанзивата

Украина се наоѓа среде контраофанзива која започна летово. На тоа поле, тврди Јермак за ДВ, украинската армија секој ден бележи напредок, иако побавно отколку што Киев си посакувал. 

Андреј Јермак Украина
Андреј Јермак ги истакнува досегашните успеси на Украина во војната против РусијаФотографија: DW

„Причината е примарно што големи делови од територијата се минирани. Второ, ние и натаму имаме недостиг од оружје и третата причина е што сме различни од Русите. Ние мислиме на нашиот народ," вели Јермак. 

„Русите не мислат на народот, тие не ги бројат нивните војници. Тие се топовско месо што го фрлаат во битка. Тие дури не ни собираат многу од труповите”, вели тој.

Германија е еден од најголемите поддржувачи” на Киев

Јермак вели дека владата е благодарна за меѓународната поддршкаод почетокот на руската инвазија. „Германија стана еден од нашите најголеми поддржувачи. Неодамна чувме моќни изјави од министерката за надворешни работи, како и од канцеларот”, вели советникот на Зеленски.

„Денес немаме дилеми околу поддршката за Украина, не само меѓу нашите главни партнери, Г7, НАТО и членките на ЕУ”, додава Јермак. 

На темата нации во Африка и Азија кои се сојузници на Москва и посебно БРИКС, Јермак вели дека многу од нив искажале поддршка за територијалниот интегритет на Украина. 

„Имаше многу контакти во поново време, вклучително ипосета од африкански лидери.Убеден сум дека тоа ја промени нивната позиција во однос на војната и случувањата”, вели Јермак и додава дека ова „е војна меѓу диктаторство и демократија”.