1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Учење албански јазик: „Зошто да не?“

Емилија Петреска
19 ноември 2024

Колку го познавате албанскиот јазик? Дали би го учеле? Од неодамна, во скопскиот социјален центар „Дуња“ почна да се изучува албанскиот јазик. Екипата на ДВ присуствуваше на еден од часовите. 

https://p.dw.com/p/4n9K1

Двапати неделно, во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје се одржуваат часови по албански јазик. Тука секој е добредојден, потребна е само волја. Редовно има десетина ученици, а некогаш и повеќе. 

Северна Македонија Скопје | Социјален центар „Дуња“ часови по албански јазик
Фотографија: Emilija Petreska/DW

Еден од нив е Александар Русевски од Охрид, кој живее во Скопје. Тој вели: 

„Сум имал идеја да го учам албанскиот јазик и порано, меѓутоа не сум испланирал некаде да одам на часови и едноставно ми било позади умот. Меѓутоа сега се отвори таа шанса, си реков: 'Зошто да не?'“

Повеќе во видеото!