1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп се жали пред Врховниот суд

ЕМФ / ртр
4 јануари 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд на САД откако беше исклучен од прелиминарните избори во сојузната држава Колорадо.

https://p.dw.com/p/4aqfz
САД Доналд Трамп
Доналд Трамп во судница во Њујорк (архивска фотографија)Фотографија: Kena Betancur/AFP/Getty Images

Адвокат на поранешниот американски претседател соопшти дека е поднесена жалба до Врховниот суд на САД поради одлуката за исклучување на Доналд Трамп од прелиминарните избори во Колорадо. Овој потег беше очекуван откако Врховниот суд во Колорадо му забрани на Трамп да учествува на прелиминарните избори во таа американска сојузна држава на 19 декември. Вчера беше соопштено дека Трамп поднел жалба на одлуката за негово исклучување од прелиминарните избори во Мејн. Прелиминарните избори за претседателските избори во ноември почнуваат на 15 јануари.

Во САД, прелиминарните и претседателските избори се одржуваат на ниво на сојузни држави, според нивните закони и прописи. Затоа тие одлучуваат кој смее да учествува во трката и како се одвива гласањето. Во Колорадо и Мејн, Трамп е обвинет за бунт според ставот 3 од 14-тиот уставен амандман во врска со упадот на неговите поддржувачи во Капитол на 6 јануари 2021 година. Тоа значи дека на Трамп не би му било дозволено да извршува ккаква било функција во САД. Тој го негира обвинението. Трамп и неговите сојузници зборуваат за заговор за да се спречи негово враќање во Белата куќа. Неговите адвокати, исто така, тврдат дека само Конгресот може да го примени ставот 3 и дека претседателите во секој случај се исклучени од правилото.

Како би гласела одлуката на Врховниот суд е нејасно. Во судот доминира конзервативно мнозинство - тројца од деветте судии беа назначени од Трамп. Не е јасно дали тие воопшто ќе се занимаваат со прашањето дали Трамп е виновен за бунтот. На пример, судот може само да одлучи дека ставот 3 не се однесува на Претседателот.