1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стерјо Спасе - симбол на македонското малцинство во Албанија

20 ноември 2024

Стерјо Спасе, еден од најзначајните претставници на современата албанска литература, е роден во село Глобочани, во општина Пустец. Тој е симбол на македонското малцинство во Албанија. ДВ беше во посета на Музејот на Стерјо Спасе во неговото родно место.

https://p.dw.com/p/4nCKY

Лични и семејни фотографии, ракописи и предмети на писателот Стерјо Спасе станаа дел од  музејот во неговото родно место. Спасе е еден од најпознатите писатели и симбол на македонското малцинство во Албанија.

Водичот во музејот, Ефтим Митревски, вели:

„Стерјо Спасе нѐ идентификуваше во последните 50-60 години како македонско малцинство во Република Албанија. Тој е личност која целата своја книжевна дејност ја посвети на Албанија, но и на Балканот.“

Некои од неговите најистакнати романи се „Зошто?“, „Афродита“, „Тие не беа сами“ и „Смрт или слобода“.

Повеќе во видеото!