1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГлобално

Совет за безбедност: Русија и Кина со остра критика за САД

СН/агенции
6 февруари 2024

Во Советот за безбедност на ОН, Русија и Кина ги критикуваа САД за воздушните напади врз цели во Ирак и Сирија. Вашингтон, според нив, го потпалува конфликтот на Блискиот Исток. САД укажаа на своето право на самоодбрана.

https://p.dw.com/p/4c5SI
Седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (архивска фотографија)
Седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger

Русија и Кина остро ги критикуваа САД поради неодамнешните воздушни напади врз цели во Ирак и во Сирија. Претставниците на двете земји на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации доцна во понеделникот. го обвинија Вашингтон дека го зголемил ризикот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Претставникот на Москва, исто така, истакна дека одлуката на САД да го изврши нападот е поврзана со претстојните претседателски избори во ноември.

Русија, чија инвазија на Украина беше предмет на жестока дебата во Советот за безбедност на ОН во последните две години, побара состанок на Советот откако САД извршија десетици напади врз цели на иранските сојузници во Ирак и во Сирија. Нападите уследија по нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан во кој загинаа тројца војници.

Амбасадорот на Москва во ОН, Васили Небензја, истакна дека нападите биле обид на САД „да ги покажат своите мускули“. Тие, исто така, беа мотивирани, тврди рускиот претставник во Советот за безбедност на ОН, од желбата да влијаат на домашната политичка сцена и да помогнат за „катастрофалната“ слика на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Бомбардер Б1 и авиони ловци Ф-16 на американското воено воздухопловство го надлетуваат Црвеното Море
Бомбардер Б1 и авиони ловци Ф-16 на американското воено воздухопловство го надлетуваат Црвеното МореФотографија: Christopher Ruano/picture alliance/Planetpi/Planet Pix/ZUMA Press Wire

Нападите, во кои загинаа неколку десетици луѓе, вклучително и цивили, го покажуваат целосното непочитување на меѓународното право од страна на Вашингтон, додаде Небензја. Тој ги обвини САД и дека сакаат да ги вовлечат силите од Блискиот Исток, вклучувајќи го и Иран, во регионалниот конфликт.

Кина, исто така, ги осуди нападите, а нејзиниот амбасадор Жанг Џун ја повтори загриженоста за ескалација на тензиите.

„САД тврдат дека не сакаат да создаваат конфликти на Блискиот Исток или на кое било друго место, но во реалноста го прават токму спротивното“, рече тој. „Воените акции на САД несомнено поттикнуваат нови превирања во овој регион и дополнително ги зголемуваат тензиите.“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема