1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц бара земјите од Западен Балкан да побрзаат кон ЕУ

БГ
14 октомври 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц им порача на шесте земји од Западниот Балкан дека треба да поитаат на патот кон ЕУ. На самитот во Берлин потпишан договор за заеднички регионален пазар.

https://p.dw.com/p/4lltp
Олаф Шолц
Шолц: Земјите од Западен Балкан само заедно ќе влезат во ЕУФотографија: Michael Kappeler/AP/dpa/picture alliance

На десеттата годишнина од почетокот на Берлинскиот процес, германскиот канцелар Олаф Шолц очекува земјите од Западниот Балкан да го забрзаат својот пат кон ЕУ.

„Се надевам дека нема да бидат потребни уште десет години, додека сите шест земји да станат членки на ЕУ“, изјави Шолц на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот ЕУ- Западен Балкан во Берлин.

Во својата изјава по самитот, Шолц недвосмислено порача дека земјите од Западниот Балкан можат да влезат во ЕУ само заедно. Подоцна, на прес-конференцијата, дополни дека и покрај желбата сите земји да имаат заедничка перспектива, ќе има земји кои ќе ги исполнат условите побрзо од другите „кои нема да ги задржуваме (...), но сите треба да знаат дека ќе имаат заедничка иднина и дека не можат да се блокираат меѓусебно“. 

Олаф Шолц Урсула фон дер Лајен
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пречекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер ЛајенФотографија: Ebrahim Noroozi/AP/picture alliance/dpa

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен порача дека членството во ЕУ и понатаму ќе биде врз база на заслуги.

„Мерит системот ќе остане во иднина. Секако колку повеќе земји се движат напред толку подобро, но се зависи од успесите на секоја земја поединечно“, рече Фон дер Лајен. 

Конфликтите се уште тежат  

Конфликтите од минатото и националистичките тенденции и натаму ја отежнуваат соработката, рече Шолц. Тој го критикуваше бавното спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Повика и во другите земји да се прекине со националистичка реторика и политиката на поделби. Таквата реторика, рече Шолц, е опасност за заедничкиот напредок и соживот во мир и благосостојба. 

Германија Западен Балкан
Премиерите на шесте балкански држави потпишаа два договори во БерлинФотографија: Lisi Niesner/Pool/AFP

Во текот на самитот беа потпишани два важни документи: шесте земји се обврзаа да создадат единствен регионален пазар за периодот од 2025 до 2028 година. Беше потпишан и договор за пристап до високо образование за студентите во регионот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи