Слоницата Панг Фа во Зоолошката градина во Берлин не е атракција само за посетителите, туку ги заинтересира и научниците: таа ги лупи зрелите банани пред да ги јаде! Дамата слон која во Берлин стигнала во 1987 година, развила своја посебна техника на лупење банани, за која истражувачите сметаат дека е копирање на постапката на нејзините чувари кога била младо животно.