1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скара - симбол на југот на Србија

8 септември 2023

На фестивалот на скарата во Лесковац, т.н. Лесковачка Роштиљијада, кој се одржува секоја година на крајот на август и почетокот на септември, се јадат неколку десетици тони месо. Лесковац е познат по оваа манифестација, а љубителите на месото се малку запознати со глобалните трендови.

https://p.dw.com/p/4W5vZ

Кога во Србија ќе се каже скара, се мисли на Лесковац. Овој град со децении организира т.н. Роштиљијада. И секоја година се руши рекордот за најголема плескавица во светот:

„Го срушивме сопствениот рекорд за оваа голема плескавица од минатата година, кој изнесуваше 67 килограми и 180 грама. Требаше да креваме по килограм, по два секоја година, но синоќа имаше генерален договор - се договоривме да биде заокружена цифра од 80 килограми. И така беше најавено и еве!“, раскажуваат Предраг и Дејан, мајстори за печење месо.

Дали се загрижени поради глобалниот тренд на помало консумирање месо?

„Но, тоа не е случај во Србија. Еве, и самите видовте дека 80 килограми се изедоа за пет минути.“

Ниту посетителите на Роштиљијадата не се загрижени за ваквите глобални трендови. На Лесковачката Роштиљијада во просек се јадат повеќе од 70 тони месо. 
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи