Силен земјотрес ја погоди централна Турција
25 февруари 2023Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска (25.02) ја погоди централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, јави ЕМСЦ, додека локалната агенција за заштита од катастрофи АФАД соопшти дека потресот се случил во 13:27 часот по локално време. Според Центарот за следење на земјотреси Кандили, епицентарот се наоѓал во областа Бор, во провинцијата Нигде.
Нигде се наоѓа на околу 350 километри западно од турско-сирискиот пограничен регион што беше погоден од два големи земјотреси на 6 февруари. Според властите, сè уште не е пријавена штета. Тимовите се на лице место за да ги проценат последиците, напиша турскиот потпретседател Фуат Октај на Твитер.
Според АФАД, пред последниот потрес, во петокот вечерта биле регистрирани најмалку седум потреси со јачина од 4 степени, вклучително и потреси во јужниот дел на земјатакој беше погоден од разорните земјотреси на почетокот на февруари.
Од катастрофалните земјотреси пред три недели досега се регистрирани 9.500 поголеми или помали потреси. Во земјотресите во Турција и Сиријазагинаа над 50.000 луѓе.
Орхан Татар од АФАД за новинарите во Анкара изјави дека се очекува потресите да продолжат во следните две години.