1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Сем Бенкмен-Фрид: Подемот и падот на криптомогулот

Кристи Пледсон
29 март 2024

Поранешниот милијардер и вундеркинд на криптовалутите, Сем Бенкмен-Фрид конечно е осуден по обвинението за проневера на 8 милијарди евра од клиентите на сега пропаднатата криптоберза ФТХ, која самиот ја основаше.

https://p.dw.com/p/4eFII
Сем Бенкмен-Фрид ФТХ
За време на последното рочиште Бенкмен-Фрид во судницата изјави дека му е „жал што се случи во секоја фаза“ Фотографија: Seth Wenig/AP Photo/picture alliance

Некогашниот сјајен пример за одговорност во секторот за криптовалути, Сем Бенкмен-Фрид беше осуден на 25 години затвор во четвртокот (28 март) по неговото осудување во ноември за она што обвинителите го нарекоа еден од најголемите случаи на финансиска измама во историјата.

Американските обвинители бараа затворска казна од 40 до 50 години, откако поротата го прогласи Бенкмен-Фрид за виновен по седум обвиненија за измама и заговор кои придонеле за падот на неговата компанија ФТХ - некогаш водечка криптоберза.

Сем Бенкмен-Фрид, познат во крипто заедницата како „С.Б.Ф.“, ја основа пропаднатата берза ФТХ (FTX) во 2019 година, откако го лансираше крипто хеџ фондот Аламеда Рисрч во 2017 година. Пред неговото вклучување во секторот за криптовалути, тој работеше како трговец на Волстрит. Во својот зенит, Банкмен-Фрид имаше богатство од 26 милијарди долари (24 милијарди евра).

Биткоинот и дигиталните финанскиски средства забележаа метеорски раст во 2020 и 2021 година. За тоа време, Банкмен-Фрид, кој е познат по својата кадрава коса и разбушавен изглед, стана симбол на одговорност во секторот на криптовалути. Оваа репутација одигра клучна улога во успехот и опстанокот на ФТХ кога пазарните услови подоцна се влошија.

Сега веќе непостоечката ФТХ беше една од најголемите криптоберзи во светот
Сега веќе непостоечката ФТХ беше една од најголемите криптоберзи во светотФотографија: OLIVIER DOULIERY/AFP/Getty Images

Под Банкмен-Фрид, истакнатите напори за брендирање, поддршката од познати личности и дарежливите акти на филантропија му помогнаа на ФТХ, и воопшто на криптовалутите, да стекнат углед кај поголемиот дел од јавноста пред колапсот на оваа берза во 2022 година.

Пропаднатиот „добротвор“

32-годишниот Американец беше соочен со седум точки од обвинението за измама и заговор, вклучително и обвинувања дека проневерил пари од штедачите на ФТХ.

За време на судењето, обвинителите тврдеа дека активностите преземени од Банкмен-Фрид и неговите блиски колеги ја загрозиле достапноста на средствата до неговите корисници, што довело до колапс на ФТХ бидејќи цените на криптовалутите се намалиле.

Кога долгогодишниот подем на пазарот на криптовалути заврши во 2022 година, Банкмен-Фрид тврдеше дека неговиот бизнис е сè уште здрав. Во реалноста, неговата компанија исто беше тешко погодена од падот на пазарот на криптовалути.

Во обид да ја поддржи индустријата во проблеми, Аламеда позајмила пари да инвестира во пропаднати фирми со дигитални средства, пред, како што беше наведено во обвинението, да започне да краде од депозитите на клиентите на ФТХ за да ги исполни своите непосредни финансиски обврски.

Банкмен-Фрид, исто така, беше обвинет дека му наредил на поранешниот директор за технологија на ФТХ, Гери Венг, да направи промени во компјутерскиот код на берзата за да ѝ дозволи на Аламеда да позајмува неограничени суми пари, привилегија која не им била дадена на другите корисници на берзата. Ова ѝ овозможи на Аламеда да позајми значителни средства од ФТХ.

Американскиот обвинител Демијан Вилијамс во меморандумот за изрекување на казната рече дела животот на обвинетиот бил „неспоредлива алчност и омаловажување“.
Американскиот обвинител Демијан Вилијамс во меморандумот за изрекување на казната рече дела животот на обвинетиот бил „неспоредлива алчност и омаловажување“Фотографија: Julia Nikhinson/AP Photo/picture alliance

Обвинителите тврдеа дека Банкмен-Фрид користел депозити од ФТХ за да ги покрие загубите во Аламеда, вклучувајќи се во лични трансакции со недвижности и донирајќи за политички кампањи.

Што го предизвика колапсот на ФТХ?

Почнувајќи од 2021 година, растечката регулаторна контрола и зголемените каматни стапки турнаа многу берзански трговци подалеку од поризични средства како криптовалутите кон потрадиционални инвестиции.

Во ноември 2022 година, веб-страницата за вести за криптовалути КоинДеск објави експозе во кое беше наведено дека Аламеда имала значителна финансиска изложеност на ФТТ- крипто токенот издаден од самата ФТХ. Ова откритие доведе до дополнително губење на довербата на клиентите, предизвикувајќи значителен одлив на средства од криптоберзата од кој ФТХ не можеше да се опорави.

Тоа огромно мнозинство од богатството на Банкмен-Фрид испари практично преку ноќ. Тој беше уапсен на Бахамите во декември 2022 година и беше екстрадиран во САД .

Што се случи на судењето?

Бенкмен-Фрид го призна несоодветното управување со ризикот, но негираше дека крадел средства. Неговата одбрана тврдеше дека Бенкмен-Фрид верувал дека неговиот третман на средствата на клиентите е во согласност со условите за услуга на ФТХ и со законот.

Бенкмен-Фрид се изјасни како „невин“ по обвиненијата за измама и заговор и сега најверојатно ќе поднесе жалба на казната
Бенкмен-Фрид се изјасни како „невин“ по обвиненијата за измама и заговор и сега најверојатно ќе поднесе жалба на казнатаФотографија: Jane Rosenberg/REUTERS

Обвинителството повика поранешни членови на потесниот круг на Банкмен-Фрид кои се изјаснија за виновни и се согласија да соработуваат. Одбраната на Бенкмен-Фрид имаше за цел да покаже дека колапсот на ФТХ е резултат на деловни грешки, а не на намерна шема за измама.

Судскиот процес го водеше американскиот окружен судија Луис А. Каплан, кој претходно беше судија и во процесите за тужбата за клевета против поранешниот американски претседател  Доналд Трамп и тужбата за сексуална злоупотреба против британскиот принц Ендрју.

Што значи сето ова за пазарот на криптовалути?

Првично, судењето околу Бенкмен-Фрид и колапсот на ФТХ придонесоа за актуелните несигурности на пазарот на криптовалути.

„Падот на ФТХ би можел да биде моментот, кој навистина го започнува поширокиот пад - можеби дури и смртта - на криптовалутите“, изјави Џејмс Ројал, главен известувач во Бенкрејт, за телевизијата ЦНБЦ во моментот на колапсот.

Сепак, оттогаш се покажа дека претскажувачите на пропаста на криптовалутите се во грешка, при што вредноста на најпознатат криптовалута биткоин се зголеми за над 300% во последниве месеци, во споредба со ноември 2022 година, кога таа падна под 20.000 долари. 

Копање на биткоини на „вулкански погон“

Вредноста на еден биткоин достигна нов рекорд од над 71.000 долари на 11 март годинава, бидејќи побарувачката за криптовалутата расте поради оптимизмот дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки оваа година.

Пазарната капитализација на криптовалутите исто така достигна рекордно високо ниво од речиси 1,35 трилиони долари. Комбинираната вредност на вкупниот пазар на криптовалути во моментов изнесува околу 2,5 трилиони долари - нејзино највисоко ниво од времето кога берзата ФТХ на Бенкмен-Фрид сè уште функционираше.