1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шекеринска - потпретседател на Eвропските социјалисти

ЖА / агенции
15 октомври 2022

Поранешната министерка за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Берлин е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

https://p.dw.com/p/4IEUW
Радмила Шекеринска - нов потпретседател на Партијата на европски социјалисти
Радмила Шекеринска - нов потпретседател на Партијата на европски социјалистиФотографија: DW/P. Stojanovski

„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија", напишува Шекеринска на својот Фејсбук-профил.

Таа изразува благодарност до новиот претседател на  Партијата на европски социјалисти,  бившиот шведски премиер Стефан Ловен, кој го дал предлогот и до сите нејзините колеги кои го поддржале.

Стефен Ловен го заменува на функцијата Бугаринот Сергеј Станишев, кој на неа беше единаесет години. 

Шефот на германската СПД, Ларс Клингбајл во својот говор ја истакна аспирацијата на Партијата на европски социјалисти да стане повторно најсилна пратеничка група во  Европскиот парламент,  позиција која во моментот ја има  конзервативната Европска народна партија. 

Клингбајл во обраќањето се заложи и за единственост на Европејците наспроти рускиот претседател Владимир Путин и неговата агресорска војна против Украина:

„Силна и одлучна Европа е најдобриот одговор против империјализмот на Владимир Путин“.

Конгресот на европските социјалдемократи и социјалисти  усвои резолуција за натамошна поддршка на Украина, вклучувајќи и воена, и натамошни санкции против Русија.

На Партијата на европски социјалисти и` припаѓаат 33 социјалдемократски партии во Европа.