1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шар Планина- ризница на убавини и проблеми

11 мај 2024

Шар Планина: шаренило од убавини, ризница на биодиверзитет и ризница на културно наследство. Но и ризница на проблеми. Од 30 јуни 2021 година, Шар Планина е прогласена за Национален парк. Сепак, за нејзин спас е тешко да се зборува.

https://p.dw.com/p/4dtfL

Шар Планина: шаренило од убавини, ризница на биодиверзитет и ризница на културно наследство. Но и ризница на проблеми. 

Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Северна Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија. Нејзин највисок врв е Титов Врв – 2.748 м. Оваа планина се соочува со сериозни проблеми. 

„Шар Планина е едно богатство од проблеми од, прво негрижа и игнорантен однос на институциите, а потоа и на граѓаните, независно дали е тоа локално население или посетители. Најголемите проблеми се врзани со долгогодишното игнорирање на илегалните активности,“ вели Анела Ставревска Панајатова од Националниот парк Шар Планина.  

Анела Ставревска Панајатова
Анела Ставревска Панајатова од Националниот парк Шар ПланинаФотографија: Katerina Topalova/DW

Илегалната сеча и нејзиното несанкционирање ја прават Шара едно од местата со најголем ризик во државата за ерозија, поплави и свлечишта. 

Друг проблем е намалување на бројната состојба на дивите животни кои се поврзани и прават здрав екосистем. 

Сериозен проблем е и справувањето со отпадот кој што се акомулирал со години. Со години не се собира отпадот од високопланинските села. Проблем е и игнорантниот однос на граѓаните. 

Сепак, на списокот на најголеми болки на Шара се хидроцентралите. Изградени се 13, а во моментот се води битка за уште две за кои државата веќе дала одобрение. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема