1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаСоединети Американски Држави

Сан Франциско даде дозвола за такси без возачи

Жанел Думалаон | Кристина Бекер
16 август 2023

Сан Франциско даде дозвола за такси без возачи. Дали автономните автомобили се сосема подготвени за задачата, е прашање околу кое се води голема дискусија. Додека возилата „учат“ како да се однесуваат на улиците, доаѓа до пречки во сообраќајот.

https://p.dw.com/p/4VEGd

Автомобилите без возачи се вообичаена глетка во технолошкиот град Сан Франциско. Но, има многу дебати за тоа дали градот е подготвен за нив. Или дали воопшто треба да ги има.

Операторите со роботакси, како Вајомо и Круз, тврдат дека елиминирањето на возачите го прави превозот на патници многу побезбеден - затоа што луѓето возачи можат да се уморат, да се напијат или да се разбеснат на патиштата. Компаниите исто така велат дека има висок интерес од јавноста - велат дека листата на чекање за користење на Вајомо и Круз брои илјадници луѓе.

  
Но, додека многумина ја ценат технологијата, други предупредуваат дека автономните возила се далеку од совршени. Првите испитаници, на пример, велат дека таксито без возач може да им пречи на операциите за спасување на улиците (особено кога застануваат случајно и непредвидливо).
  

Некои активистички групи како Сејф Стрит Ребел си поставија цел да ги запрат автономните возила- со блокирање на нивните сензори со сообраќајни конуси. Тие собираа извештаи на социјалните мрежи за дефекти на автономни возила на патот.
  

Сега властите гласаа да им дозволат на Вајомо и Круз да ги прошират своите операции. 

Значи, подготвени или не, такси-возилата без возач би можеле да станат вообичаени како и возилата со екипаж. Со тоа ќе го променат ликот на градот.  

Такси без возач