1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Рускиот милијардер Тинков се откажа од руско државјанство

ЕМФ | афп
1 ноември 2022

Рускиот банкар и бизнисмен Олег Тинков се откажа од руско државјанство поради инвазијата на Москва врз Украина.

https://p.dw.com/p/4Iun3
Олег Тинков
Олег ТинковФотографија: picture-alliance/dpa/Tass/A. Lebedev

Милијардерот Олег Тинков се откажал од руско државјанство поради тоа што не сакал да биде доведуван „во врска со една фашистичка земја, која „започна војна против својот мирен сосед“ и секојдневно убива невини луѓе, напиша тој на Инстаграм. Притоа сподели слика од уверението кое потврдува „крај“ на неговото руско државјанство.

Олигархот изразува надеж дека неговиот пример ќе го следат и други познати руски бизнисмени „за режимот и економијата на Путин да заслабне и тој на крајот да биде поразен“. Тинков вели дека „ја мрази Путинова Русија“, но ги „сака сите Руси кои се недвосмислено против оваа луда војна“'.

Милијардерот и основач на онлајн-банката Тинкоф се смета за еден од најпознатите руски претприемачи. Банката е еден од најголемите кредитори во Русија и има околу 20 милиони клиенти. Во 2020 година Тинков се повлече од шефовската позиција.

- повеќе: Мистериозна серија на смртни случаи меѓу руските олигарси

Тој и досега остро ја критикуваше руската инвазија на Украина. Од Западот побара да стави крај на „масакрот“. Непосредно по војната во Украина милијардерот беше погоден од британските санкции.