1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работа на фарма во замена за сместување во Охрид

Арбнора Мемети
31 јули 2024

Од градина создадена за свои потреби за готвење, турскиот фармер Акин Сезер ја претворил својата фарма во туристичка атракција во Охрид. Туристи од целиот свет, кои се интересираат за земјоделство и сакаат да уживаат во убавината на Охридското Езеро, добиваат сместување и храна во замена за волонтерска работа.

https://p.dw.com/p/4ivl5

Од Егејско Море на брегот на Охридското Езеро - во својата бавча во Охрид, Турчинот Акин Сезер го живее животот од своите соништа.

„Јас почнав да се занимавам со производство на зеленчук затоа што кај нас, поради климата, ние јадеме и користиме многу зеленчук. Видов дека во Македонија има многу малку производство на зеленчук, нема богатство, па затоа сакав да земам земјиште и да почнам да произведувам зеленчук кој ми беше потребен за готвење“, вели Акин Сезер.

Неговите градини прераснуваат во туристичка атракција. Сместување и храна во замена за работа добиваат волонтерите кои се вмрежуваат преку интернет платформи.

Што велат тие, погледнете во видеото!

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема