1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Психичкото насилство зема замав - најчести жртви се жените

ДТЗ
15 јануари 2024

Од јануари до септември минатата година се евидентирани 1.166 случаи на семејно насилство, а од нив најголем број се поврзани со психолошкото насилство.

https://p.dw.com/p/4bFzk
насилство
Психичкото насилство зема замав - најчести жртви се женитеФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Психичкото насилство зема се поголем замав. Од јануари до септември минатата година биле пријавени 1.166 случаи на семејно насилство, а од нив - 708 се поврзани со психолошкото насилство.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вели дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство. 

„Најголем дел - 708 случаи, се пријави на психолошко насилство за разлика од претходно, каде што најчест вид на насилство беше физичкото насилство“, изјави Тренчевска на брифинг со новинарите.

Тешко се докажува

Најголем број од жртвите на психичкото насилство се жени. Тоа многу тешко се докажува, бидејќи нема видливи траги, освен опаѓање на менталното и на психичкото здравје на граѓаните.

„Во делот на психолошкото насилство имаме постојано префрлување на партнерката, на деца или на родители, и се тоа остава длабока трага на психата на една личност и многу е тешко за препознавање. Жртви на насилство се деца и повозрасни граѓани, но најголем процент и понатаму се токму жените“, вели Тренчевска.

 

Апликација - помош за жртви на семејно насилство