1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоАвстралија

Пронајдена е загубената радиоактивна капсула во Австралија

Тагесшау
1 февруари 2023

Минијатурната радиоактивна капсула, која паднала од камион и по која се трагаше во изминатите денови во Западна Австралија, е пронајдена.

https://p.dw.com/p/4Mwc3
Капсулата со големина од 8x6 милиметри исчезна во периодот помеѓу 12 и 14 јануари
Капсулата со големина од 8x6 милиметри исчезна во периодот помеѓу 12 и 14 јануариФотографија: AAP Image/Department Of Fire And Emergency Services/REUTERS

Пронајдена е малата, високо радиоактивна капсула која бешезагубена во австралиската сојузна држава Западна Австралија. Според регионалната влада, капсулата која му припаѓа на рударскиот гигант Рио Тинто била пронајдена две недели по исчезнувањето за време на транспорт. „Навистина е пронајдена игла во сено и мислам дека граѓаните на Западна Ацвстралија ноќва ќе спијат подобро“, рече регионалниот министер за заштита од катастрофи, Стивен Досон.

Капсулата со големина од 8x6 милиметри исчезна во периодот помеѓу 12 и 14 јануари при транспорт од рудник за железна руда во близина на градот Њуман до Перт. Дека е загубена беше утврдено дури при истовар на камионот, неколку дена подоцна.

Високо радиоактивен цезиум-137

Здравствените власти веднаш потоа го предупредија населението да не се приближува до капсулата на растојание помало од пет метри, затоа што таа содржела толку многу високо радиоактивен цезиум-137 што престојот во радиус од еден метар би имал ефект врз човечкото тело како „десет рентген зрачења на час" и би можел да предизвика акутна радијациона болест. Во потрагата по капсулата, која не е голема ниту колку паричка од 1 цент, властите користеа детектори за зрачење поставени на возила, кои можат да забележат зголемено зрачење во радиус од 20 метри.

Во потрагата по капсулата властите користеа детектори за зрачење поставени на возила
Во потрагата по капсулата властите користеа детектори за зрачење поставени на возилаФотографија: AAP Image/Department Of Fire And Emergency Services/REUTERS

Рударската компанија се извинува

Рио Тинто јавно се извини поради губењето на капсулата. Менаџерот Сајмон Трот рече дека му е жал поради вознемиреноста што инцидентот ја предизвика меѓу луѓето во Западна Австралија. Компанијата започна сопствена истрага за да открие како точно капсулата можела да исчезне.