Евакуација - поплави и пукање на брана во Русија
8 април 2024Според властите, повеќе од 10.000 куќи се под вода во руските региони Урал, Волга и Сибир поради поплави предизвикани од неколку реки. Министерството за вонредни состојби во Москва соопшти дека се поплавени вкупно околу 10.400 станбени згради.
Надлежните очекуваат водостојот да продолжи да расте поради високите температури и поврзаното топење на снегот и кршењето на ледениот слој на реките.
Во петокот пукна брана на реката Урал во Орск, што предизвика големи поплави низ целиот регион и илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани. Покрената е истрага кој е одговорен за пропаѓањето на браната. Според обвинителите, истрагата се води поради сомневање за занемарување на одржувањето на браната, изградена во 2010 година. Москва во поплавениот регион прогласи вонредна состојба поради катастрофа.
Пријавени се штети и во блискиот Казахстан. Претседателот Касим-Жомарт Токаев вчера зборуваше за најголемата природна катастрофа во последните 80 години.