1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПолска

Надеж во Брисел по изборите во Полска

Бернд Ригерт
16 октомври 2023

Смената на власта во Полска би била победа за либералната демократија, се вели во Брисел. Олеснување кај критичарите на досегашната влада на ПиС.

https://p.dw.com/p/4Xa9O
Можно е повторно приближување: Владата на ПиС го обвини Брисел за диктаторска политика, но со задоволство ги прифати субвенциите
Можно е повторно приближување: Владата на ПиС го обвини Брисел за диктаторска политика, но со задоволство ги прифати субвенциитеФотографија: Beata Zawrzel/IMAGO

Еврокомесарката за темелните вредности, Вера Јурова, официјално уште не изјави ништо за можната победа на опозицијата во Полска, но сигурно и паднал камен од срце. Со години таа се спореше со национал-конзервативната влада во Варшава околу загрозената правна држава во Полска.  ПиС се противеше да ја повлече реформата на правосудството која Европскиот суд ја оцени како противправна и испровоцира серија правни постапки од страна на Брисел. Потоа ЕУ ги укина исплатите за Полска од заедничкиот буџет, а државата беше парично казнета заради непочитување на одлуки на судот во Луксембург. Останатите членки на ЕУ отпочнаа постапка против Полска, но не стигнаа многу далеку со тоа. Од Варшава пак се слушаа антиевропски и антигерманскитонови. На тоа со промената на власта и веројатната коалиција од Демохристијани, лево-либерални и Зелени веројатно ќе му дојде крај. 

Може ли да се пресече влијанието на национал-конзервативните?

Пјотр Бурас од меѓународниот тинк-тенк „Европскиот совет за надворешна политика“, смета дека влада под водство на лидерот на граѓанската платформа, Доналд Туск, ќе игра поконструктивна улога во ЕУ, за да се „поправат одноците со најважните партнери и да се поврати довербата во про-европските ставови“. Со силна ПиС во опозицијата, европската политика сепак ќе остане и натаму спорна тема во Полска, оценува Бурас. Новата влада според него ќе има „сериозни потешкотии да го намали влијанието на ПиС и повторно да ја воспостави правната држава", додава аналитичарот. За одредени закони во полскиот парламент е потребно мнозинство од три-петтини, кое новата коалиција со веројатни 241 од 460 мандати нема да го има.

Наскоро повторно премиер  Доналд Туск би можел да предводи владина коалиција од три партии и да иницира политичка промена во Полска
Наскоро повторно премиер Доналд Туск би можел да предводи владина коалиција од три партии и да иницира политичка промена во ПолскаФотографија: REUTERS

Средства од ЕУ повторно можни

Европратеникот Мориц Кернер, кој во Брисел за фракцијата на  Либералите се занимава со прашањата за правната држава во Полска и Унгарија, верува дека во Варшава нештата наскоро ќе се променат. "Штом ќе се постигне принципите на правната држава повторно во целост да имаат важност во Полска, во склад со правилата средствата од ЕУ повторно може да се исплаќаат“, вели тој за ДВ. Пресвртот во Полска го оценува како предупредување и за други „со желба да бидат автократи“, порачува либералниот политичар. „Навестеното симнување од власта на уништувачите на полската демократија е лоша порака за Виктор Орбан. Советот сега е на потег постапката за правната држава против Унгарија според членот 7, која до сега беше блокирана од Полска, што е можно поскоро повторно да ја стави на дневен ред", вели Кернер. До сега унгарскиот премиер Орбан можеше да се потпре на Полска како национал-конзервативен партнер, кој ја спречува нужната едногласност за постапката според член 7 од Лисабонскиот договор. Таквата постапка како последно средство предвидува и суспендирање на членството во ЕУ затоа што Орбан ги стави под своја контрола медиумите, економијата, науката и правосудството.

„Триумф за демократијата"

Бурас од тинк-тенкот ЕФЦР за ДВ вели дека на новата влада веројатно ќе и бидат потребни неколку недели додека да дојде на власт и потоа да се обиде да ги отстрани послушниците на ПиС од водечките позиции во администрацијата, медиумите, државните компании и правосудството. Гласачите по осум години владеење на ПиС ја изгубиле довербата, затоа што социјалните услуги не течеа како што беше ветено, или немало доволно финансии за нив. „Изборите се триумф за демократијата и за либерализмот", оценува Бурас. „Со најголемата излезност од крајот на комунизмот во 1989 година до сега, граѓаните покажаа дека се загрижени за иднината на нивната земја и дека сакаат од ново да ја уредат. Опозицијата победи, иако изборите беадо крајна мерка нефер. Владините партии злоупотребија државни ресурси за свои цели и сепак изгубија", вели Бурас. На пример јавниот радиодифузен сервис правеше масовна пропаганда за ПиС и ги поддржуваше нејзините тврдења дека Полска е угнетувана од Брисел и Берлин.

Промената на власта може да стави крај на повеќегодишниот спор ЕУ-Полска околу назначувањето на судии. (На фотографијата: Уставниот суд во Варшава)
Промената на власта може да стави крај на повеќегодишниот спор ЕУ-Полска околу назначувањето на судии. (На фотографијата: Уставниот суд во Варшава)Фотографија: Kacper Pempel/REUTERS

Можна релаксација на односите со Украина

Европратеничката од Зелените, Тери Рајнтке, која како ко-претседавач на фракцијата на Зелените повеќе години го следи развојот во Полска, е олеснета заради вероајтната промена на власта во Варшава. Рајнтке посочува дека тоа може да ја придвижи закочената дебата за реформа на постапката за азил и за доселување во ЕУ. „Кога се работи за пакетот за миграција, станува збор за тоа како може да постигнеме регулирана постапка во склад со владеењето на правото, а Полска во тој дел воопшто не играше конструктивна улога во Советот. Се надевам дека тоа сега ќе се промени", вели таа. Полска и Унгарија на последниот Самит на ЕУ што се одржа пред две недели во шпанското место Гранада, соопштија дека новите правила за азил, донесени со мнозинство во ЕУ, во никој случај нема да ги почитуваат.

Рајнтке во разговор со ДВ оценува дека и тензиите меѓу Полска и Украина заради извозот на украински житни култури во, односно низ Полска, ќе се разводнат. „Очекувам дека Полска со про-европска влада ќе биде партнер на кој може да се потпреме и солидарен поддржувач на својот сосед, кој веќе година и половина страда од крвавиот напад од Русија. Времето на деструктивната политика на владеачката ПиС на европско ниво се надевам дека е пројдено“, вели европратеничката.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија