1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палијативна нега онаму каде системот не досегнува

Ана Арсеновска-Зафирова
5 октомври 2024

Од човек на нога до палијативен пациент - Радмила Апостолски е упатена на нега од страна на семејството, но вели дека ќе стори сѐ за повторно да може да живее сама, па дури можеби и повторно да работи. Во тоа сесрдно ѝ помагаат нејзините блиски и здружението „Палиум“.

https://p.dw.com/p/4lPkB

Последниот работен ден пред пензија, е последен ден на самостојност во животот на Радмила. Оттогаш грижата и негата за неа се одговорност на семејството и нејзините блиски. Ќерката Јасна Апостолски - Николов вели:

„Кога ќе се соочиш со проблем на близок член во фамилијата всушност се запознаваш со некој подолгорочен процес на нега, на поддршка и навистина некој треба да те води во цел тој процес иако ние сме во фамилијата здравствени работници, сепак не бевме запознаени со оваа проблематика.“

Поддршка на семејството на Радмила е здружението „Палиум“, кое ги води низ процесот на живот со палијативен пациент.

Како изгледа таа поддршка и какви цели има пациентката Радмила Апостолски, погледнете во видеото.