1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отровниот воздух во Скопје

Емилија Петреска
22 декември 2023

Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во Европа. И додека власта е „глува“ на апелите за решавање на проблемот, жителите бараат „спас“ на Водно со надеж дека ќе вдишат, барем за нијанса, почист воздух.

https://p.dw.com/p/4aTit

Скопје и годинава е меѓу најзагадените градови во Европа. Најблискиот спас е планината Водно.

Татјана Стојановска, aктивистка и независна советничка во Општина Карпош, е една од илјадниците жители на градот чие прибежиште од загадувањето е Водно:

„(Скопје) Не се ни гледа од маглата. Колку од тоа е само магла, а колку во него има смог, тоа се податоци коишто на некои мерни станици не можеме ни да ги добиеме.“

Скопје, загадување на воздухот
Градот често не се гледа од магла (фото: Скопје)Фотографија: Emilija Petreska/DW

Пред четири години, граѓаните излегоа на протести против аерозагадувањето, без голем успех.  Сега едвај 1% од државниот буџет е предвиден за заштита на животната средина:

„Градот е во котлина, нема некое големо проветрување. Свесни за тие ризици, сѐ што сме преземале во нашиот развој на градот сме направиле обратно од тоа што треба. Поаѓајќи од тоа дека не го намалуваме бројот на загадувачите, дека не го менуваме начинот на греење, не влијаеме на сообраќајот и на возилата што ги користиме и какви издувни гасови од нив доаѓаат. Урбанизмот е посебна тема, бидејќи урбанизмот врши дури дополнително намалување на струење на ветрот, коешто и без тоа е многу мало во овој град“, вели Татјана Стојановска.

Северна Македонија Скопје загадување на воздухот
Во 2021 година, над 5.000 луѓе во РСМ предвремено починале од загадениот воздухФотографија: Emilija Petreska/DW

Темата е актуелна во зима, но загадување има и во лето. Во 2021 година, над 5.000 луѓе во државата предвремено починале од загадениот воздух. Дивоградбите и негрижата го загрозуваат и единственото прибежиште на скопјани - Водно:

„Да не се обидуваме и тоа да го направиме загадено подрачје, каде што ништо нема да може понатаму да функционира. Граѓаните ќе немаат ниту за викенд каде да побегнат од тоа што го дишеме“, нагласува Стојановска.