1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуда на нападот врз болница и училиште во Газа

ДТЗ
18 октомври 2023

Шефот на дипломатијата Османи смета дека нападот врз болницата во Газа е „нехуман чин на терор“. Лидерот на Беса, Касами и Алтернатива бараат меѓународна истрага.

https://p.dw.com/p/4XfjW
Gaza Nahostkonflikt l Menschen reagieren auf den israelischen Luftangriffen auf das Al-Shifa-Krankenhaus
Фотографија: Abed Khaled/AP/picture alliance

Нападот врз болница и училиште во Газа, во којшто има стотици цивилни жртви предизвика бројни реакции и осуда и во Северна Македонија. Шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи оцени дека станува збор за нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

„Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, порача шефот на македонската дипломатија на Фејсбук. 

Бујар Османи
Сторителите на овој чин мора да одговараат, порача Бујар Османи Фотографија: NMazedonien MFA

Меѓународна истрага

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, бара меѓународна истрага.

„Злосторство e нападот врз болница во Газа од страна на државата Израел, во кој загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. Изразуваме осуда и бараме итно меѓународна истрага бидејќи станува збор за чист геноцид!“, порача Касами на социјалните мрежи.

Според опозицискта партија Алтернатива, бомбардирањето на болницата во Газа е последен аларм за цивилизираниот свет.

„Израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3.000 цивили, од кои околу 1.000 се деца, а над 1.000 се жени. Освен нив, над еден милион луѓе се веќе преселени од нивните домови или се останати без кров над глава. Но, фактот што при нападот врз болницата „Ал Ахли“ во Газа се убиени над 500 цивили, треба да биде последниот аларм за светот дека одмаздата го допира дното“, велат од опозициската партија.

Партијата смета дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид. 

Газа
Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, бара меѓународна истрага.Фотографија: Middle East Images/ABACA/IMAGO

Реакции 

Нападот врз болницата Ал-Ахли во Газа во кој загинаа неколку стотици лица, предизвика остри реакции на меѓународната заедница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас искажа најдлабоко сочуство за жителите кои ги изгубија животите во нападот врз болницата во Газа

„Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа“, порача и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ, додавајќи дека треба да се утврдат фактите за трагедијата.

По нападите американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Израел за да изрази поддршка во судирот со Хамас. 

Борба за леб и вода во Појасот Газа